Градоначалникот на Белград сака да ја претвори „Куќата на цвеќето“ во музеј, но наиде на силен отпор!

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Градоначалник на Белград Александар Шапиќ изјави дека ќе почне иницијатива која ќе ја претвори Куќата на цвеќето, почивалиште на поранешниот претседател на Југославија Јосип Броз Тито, во музеј на српската историја, а дека „Тито треба да биде вратен во Кумровец од каде што дошол“, објави српскиот портал Н1 инфо.

„Ќе почнам иницијатива еднаш засекогаш да завршиме со таа ‘Куќа на цвеќето’ и да го вратиме Јосип Броз таму во Кумровец од каде што дошол, а Куќата на цвеќето да биде место каде што ќе почиваат најголемите српски великани, да биде музеј на српската историја“, објави Шапиќ на Инстаграм.

Александар Шапиќ го спомна и славниот офицер во Балканските војни и во Првата светска војна – Драгољуб (Дража) Михаиловиќ.

„Кога ќе го спомнам Драгољуб Михаиловиќ, еден од нашите најодликувани офицери, кој ја бранел Србија во Балканските војни и во Првата светска војна од Австроунгарците, а во Втората светска војна се борел против нацистите, ми скокаат на глава титовите Југословени“, кажа поранешниот градоначалник, давајќи поинаква интерпретација на улогата на четничкиот водач осуден по Втората светска војна за воени злосторства и за соработка со окупаторот.

Шапиќ додаде дека се поставува прашањето дали „Куќата на цвеќето“ ќе биде дом на српските херои со тоа што ќе стане музеј „или таму ќе го остават Јосип Броз Тито, австроунгарскиот каплар и голем злосторник на поновата српска историја“.

Адвокатот и функционер на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Тома Фила, смета дека не може да помине иницијативата на Александар Шапиќ за преместување на посмртните останки на Јосип Броз Тито од Куќата на цвеќето во Кумровец.

Премиерот на сараевскиот кантон Нихад Ук реагираше на предлогот на Шапиќ да го „избрка“ Тито од Белград, односно да се преселат неговите посмртни останки во Кумровец.

– Господине Шапиќ, ако навистина имате намера да ја спроведете вашата идеја да го турнете Белград уште подлабоко во националистичките фантазии во согласност со вашата идеологија, посмртните останки на Јосип Броз Тито нема да останат без дом – истакна тој.

Share This Article