Градоначалникот Коњановски им ја честиташе Новата година на битолчани

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
epa09769278 German Chancellor Olaf Scholtz holds a news conference during European Union - African Union summit, in Brussels, Belgium, 18 February 2022. EPA-EFE/JOHANNA GERON / POOL
- Advertisement -
Ad image

„Почитувани граѓани, драги битолчани, големите промени доаѓаат од малите нешта, направени со искрена љубов, многу работа и голема посветеност. На крајот на оваа година, се потсетуваме на бројните предизвици и на вложениот труд во изминатата година, со цел Битола да ја направиме поубаво место за живеење“.

Ова го рече градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во своето обраќање во кое им ја честиташе новата година на битолчани.

– Најмладите секогаш се нашиот приоритет и токму за нив изградивме нови спортски игралишта, ги подобруваме условите во училиштата во кои учат, инвестираме во општина со подобра инфраструктура, градејќи партнерска соработка со младите, развивајќи ја културата и поддржувајќи го спортот, Битола ја враќаме на мапата на привлечни дестинации за развој на кариера и на бизнис. Продолжуваме напред, со новa светлина, идеи и планови во годината што ни претстои – додава Коњановски.

Нашата општина продолжува да расте и напредува, вели тој, со силна заложба за светла иднина и фокусираност Битола да биде место во кое секој може да напредува во инклузивна и во поддржувачка заедница.

– Празниците живеат во Битола на „Зимска приказна”. Со содржини за сите генерации, ја заокружуваме 2024 година, најавувајќи нови почетоци и реализација на прогресивни планови во 2025 година. Убавината на промените ја создаваме заедно, со меѓусебно почитување, разбирање и со поддршка – вели градоначалникот.

Празничната радост нека внесе топлина во Вашите срца, порачува тој, празнувањето нека Ве исполни со убавина, а здравјето, среќата и љубовта, нека бидат со Вас и со Вашите најмили во текот на целата Нова година.

– Празнувајте со радост во Вашите семејства и дадете го најдоброто од себе за да можеме заедно да ја направиме Битола поубав дом за сите нас. Нека ни е среќна и бериќетна Новата година и Среќни и весели Божиќни празници! – рече градоначалникот на Битола во своето обраќање во кое им ја честиташе Новата година на битолчани,

Share This Article