Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на Измир Мустафа Тунч Сојер денеска во овој турски град потпишаа протокол за збратимување на Скопје и Измир, информира Одделението за односи со јавноста при Град Скопје.
„Со овој протокол, Град Скопје и Град Измир, пристапуваат кон конкретна соработка преку реализација на проекти од взаемен интерес и утврдување на соодветна динамика за нивна имплементација.
На денешната средба, на покана на Градоначалникот на Измир, присуствуваа пратеници, советници, градоначалници од 30 општини под Градот Измир, како и голем број здруженија, организации од деловната заедница и асоцијации на македонски иселеници во Измир.
Овој протокол е од исклучителна важност за Градот Скопје од аспект на меѓународно поврзување со град со кој взаемните интереси и цели ќе се преточат во проекти во сите области од интерес, како и размена на искуства кои се во надлежност на локалната самоуправа“ – се вели во соопштението.