More

    Градоначалничка на Флорида ловела јастози, а „закачила“ пакет со 70 килограми кокаин

    spot_img

    Градоначалничката на градот Тампа на Флорида, Џејн Кастор, ловела јастози со своето семејство недалеку од брегот кога извлекла неочекуван улов: пакет со големина на микробранова печка со 70 килограми кокаин во вредност од 1,1 милион долари.

    Семејството тргнало кон пристаништето кога братот на Џејн забележал необичен пакет во морето.Тие пристапиле надевајќи се на добар улов затоа што искусните риболовци знаат дека помалите риби се собираат под слични предмети што лебдат во морето бидејќи им создаваат сенка.

    -Како што се приближувавме, така ми стануваше појасно дека тоа е „бала“ со кокаин – изјави градоначалничката која веднаш по пристигнувањето на брегот го пријавила „уловот“ во полиција.

    Џејн Кастор осум години работела како службеничка во одделот за наркотици во полициската станица Тампа, а шест години била началничка на одделот, па веднаш знаела за што станува збор.

    Пакетот со кокаин бил завиткан во истрошена пластика. Внатре имало дваесетина цврсто завиткани тули, украсени со сини и виолетови пеперутки.

    Откако ја однела балата на нејзиниот брод, таа го пријавила уловот во канцеларијата на шерифот на округот Монро. Агентите на американската гранична патрола набрзо пристигнале да го преземат пакетот. Потврдиле дека се работи за кокаин и го процениле на 1,1 милион долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img