More

    Гостиварец снимал во повеќе наврати сексуален однос со 15-годишно дете и ги објавувал на интернет

    spot_img

    Основното јавно обвинителство Гостивар издаде наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен гостиварец, затоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 1 од Кривичниот законик, соопшти државнито Јавно обвинителство.

    „Во периодот од 2022 година до 26.06.2023 година во Гостивар, осомничениот произведувал детска порнографија, снимајќи во повеќе наврати сексуален однос со 15-годишно дете-жртва. Снимениот видео-материјал и фотографии тој ги зачувал во меморијата на мобилниот телефон, со цел да ги дистрибуира, пренесува и нуди на друг начин.

    Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор“ – се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img