More

    Ѓоргиев смета дека некој сака да ги наруши добри односи меѓу Скопје и Софија

    spot_img

    Последните случувања во македонско-бугарските односи влијаат и на работата на заедничката Комисија за историски и образовни прашања, смета нејзиниот копретседател Драги Ѓоргиев. Вели дека се забележува тенденција односите меѓу Скопје и Софија на одредени периоди циклично да бидат нападнати со цел да се наруши некој краток континуитет од мирен период.

    – Не може да останеме ние имуни на тоа што се случува во општеството и сите тие политички потреси, тензии, недоразбирања, дневно политички препукувања, кои се случуваат циклично во македонско-бугарските односи, и тие несомнено влијаат и на работата на Комисијата. Речиси редовно во сите тие препукувања и политички изјави кои се даваат се спомнува и Комисијата, историјата, се споменуваат темите на кои работи самата Комисија и сето тоа влијае врз атмосферата во самата комисија – изјави Ѓоргиев за „Гласот на Америка“.

    Според него, како да има тенденција да се нарушува континуитетот на мирните периоди во македонско-бугарските односи.

    – Очигледно на некого тоа му е потребно и кога ќе трае некој извесен период, тие мирни и добри односи и ќе тргне работата во вистинска насока, се случуваат инциденти, кои очигледно имајќи ја предвид историјата на претходните инциденти, се прават смислено со однапред режирано сценарио. И ова мислам ќе деескалира, ќе се смири ситуацијата, но повторно постојат сили, кои нема да ме изненади, после два месеци, да се случи истото по било кој повод – истакнува Ѓоргиев.

    За тоа дали може да се дојде до решение за Гоце Делчев, тој наведува дека за таа тема речиси и да не се дискутира сериозно во поседната година. Смета дека во актуелните услови на заладени односи, со многу висока тензија, многу тешко е Комисијата да работи спокојно и мирно на Гоце Делчев.

    – Идејата на заедничко чествување на било која личност не само на Гоце Делчев се базира на тоа уште повеќе да ги смири и релаксира односите меѓу двете држави, да придонесе кон подобро сфаќање на двата народи и на двете општества. И таа е основната идеја не само на нашата комисија, туку и на сите комисии кои работат на ваков начин, односно покрај учебниците имаат како своја агенда и заедничко чествување на одредени личности, околу кои постојат различни видувања, меѓутоа тие се споделени историски личности. Во овој момент ситуацијата мислам дека не е таква, која ќе овозможи било какво решение на Комисијата, кое ќе придонесе уште повеќе да се смират односите и да тргнат во вистински правец. Така што мора политичката ситуација, политичките односи меѓу двете држави да бидат на едно високо ниво со цел и Комисијата да постигне одреден напредок, пред се во однос на тие чувствителни теми како што е Гоце Делчев – вели Ѓоргиев.

    Сепак, Ѓоргиев посочува и на она што досега го договориле македонските и бугарските историчари, а тоа е препорака за заедничко чествување меѓу двете држави за Кирил и Методиј, Климент Охридски, Наум Охридски и за Цар Самоил. Во однос на препораките за учебниците, усвоени се препораки за петти клас во бугарскиот образовен систем и за шестто одделение во македонскиот образовен систем.

    Следната средба на заедничката Комисија за историски и образовни прашања е закажана на 16 и 17 февруари во Софија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img