„Вршењето на функцијата претседател на владата од страна на првиот заменик премиер во владата во последните сто дена од оваа влада, што беше изнудено од распоредот на силите во Собранието по изборите во 2020 година, сега од страна на ДУИ се најавува и рекламира со триумфализам користејќи го слоганот ” Да.Тој доаѓа”. Човек би помислил дека доаѓа Господ или Спасителот. Но, како и да е со ваков триумфализам ДУИ не му помага на својот коалиционен партнер во владата СДСМ.
Свесни за состојбата во општеството тие со овој триумфализам само ќе насочуваат повеќе гласови и подршка кон ВМРО и Левица. И тоа СДСМ треба да им го стави до знаење ако веќе градат некои фер односи“.
Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов