More

    Гордана Силјановска Давкова ќе даде нов поттик на билатералните односи

    spot_img

    Поранешниот албански претседател Илир Мета испорати срдечни честитки за Гордана Силјановска Давкова, првата жена претседател на Македонија и упати желби за успешно исполнување на високата задача.

    „Искрено верувам дека таа ќе одигра многу важна улога во натамошното зајакнување на одличните меѓусоседски односи меѓу нашите две земји и народи, како и во подобрувањето на меѓуетничкиот соживот во Македонија” – посочува Мета во честитката објавена на социјалните мрежи.

    „Убеден сум дека претседателката Гордана Силјановска Давкова ќе даде нов поттик на билатералните односи во поглед на перспективата за што поскора заедничка интеграција во Европската Унија“ – напиша поранешниот албански претседател во објавата на Фејсбук.

    Истовремено, Мета се заблагодарува на претседателот Стево Пендаровски за одличната соработка во периодот додека бил претседател на Албанија.

    – Му благодарам на претседателот Пендаровски за одличната соработка што ја имавме за време на извршувањето на мојата должност како претседател на Република Албанија, за неговата посветеност на почитување на правата на Албанците, државотворен фактор во Македонија, за отворените, фер и принципиелни ставови против „Отворен Балкан“, како и за цврстата поддршка на „Берлинскиот процес“, посочува Мета.

    Мета на функцијата претседател на Република Албанија беше од  24 јули 2017 до 24 јули 2022. Тој сега е лидер на Партијата на слободата, која се смета за трета партија по членство во земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img