More

    Илјадници луѓе протестираат против учеството на Израел на Евровизија

    spot_img

    Во шведскиот град Малме, каде што оваа година се одржува изборот на песна за Евровизија, организиран е протест против учеството на израелската претставничка Еден Голан. Полицијата соопшти дека на протестот пред салата во која се одржува најпознатиот европски музички фестивал се собрале меѓу 6 и 8 илјади луѓе.

    Насобраните го извикуваат пропалестинското мото „Од река до море, Палестина ќе биде слободна“ и „Израел е терористичка држава“.

    Локалните медиуми јавуваат дека на пропалестинските протести во Малме има луѓе од сите генерации, вклучувајќи и родителите со деца.

    Шведските власти ја зајакнаа безбедноста и се подготвуваат за можни немири во текот на викендот. Видливо е присуството на полицајци како патролираат по улиците на Малме и со скутери на вода, низ градските канали, јавија локалните медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img