More

    Гордана Силјановска Давкова има амбициозни планови како идна претседателка на Македонија

    spot_img

    Професорката Гордана Силјановска Давкова, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, верува дека можеме да ја направиме Македонија горда. Слоганот на нејзината кампања е „Македонија повторно горда“.

    – Прво, да не си ги забораваме историјата и коренот. Менувајќи ја Преамбулата, тие ја менуваа историјата, што е недозволиво. Не можете да се откажете од Илинденците, од Гоце Делчев, од антифашистичкото партизанско движење и од слободата извојувана со сопствени сили. Не можеме да се откажеме од Повелбата на Обединетите нации, во која нема мали и големи држави. Треба да потсетувате, ако сакате да бидете дел од ЕУ и на темелните вредности и принципи на Унијата. Треба на вистинските места да дојдат најдобрите и најумните, а не да заминуваат од Македонија. Треба да го оставиме судството да суди на мира. Треба да бидеме горди на дострелите во културата и во уметноста, на спортистите, на научниците. Ако Македонија ја претставуваат најдобрите и ако ги цени, тогаш гордоста ќе се врати, на улица ќе гледаме среќни лица. Како да бидам горда ако живеам во земја која се смета за најнесреќна или за најнеобразована, а имаме повеќе универзитети по глава на жител од Британија? Мораме да ги одбереме оние што веќе се Европјани или Американци. Оние коишто се докажани, тие имаат самодовреба и нивниот рамноправен настап во сите области ќе доведе до почит. Ако сте почитувани, вие ќе бидете горди. Републиката да стане горда повторно – вели Силјановска Давкова во интервју за порталот Република.

    Таа смета дека „нам ни требаат силни институции а не моќни политички поединци, кои за жал најчесто се политички хиени“.

    – Мислам дека во сите параметри, од корупција и криминал, до сиромаштија и минимална плата, по загаденоста на животната средина, ние сме на врвот, но по владеењето на правото во заштитата на правата и слободата, по респектот на најдобрите кои во рамките на еден ужасен егзодус ја напуштаат државата, ние сме далеку од ЕУ. Ете, тоа е предизвикот за мене – вели професорката во интервјуто.

    Таа оценува дека денес институцијата претседател е целосно маргинализирана и дека за тоа голема заслуга има сегашниот шеф на државата.

    – Се фалат со филозофијата „едно општество за сите“, кое е општество на индивидуи и на рамноправни граѓани. Меѓутоа, ние не само што немаме едно општество за сите, ние имаме две влади, две собранија, две министерства. Разногласие имавме дури и во надворешната политика, иако таму мора да има консензус – забележува Гордана Силјановска Давкова.

    Професорката за прв пат во ова интервју за Република најавува дека Македонија треба да почне лобирање за членство во Советот за безбедност на Обединетите нации како непостојан член.

    Во однос на уставните измени и односите со Бугарија, Силјановска Давкова најавува дека ќе се залага за принципот на реципроцитет.

    – Меѓу Бугарија и Македонија сега нема никаков реципроцитет. Значи, во духот на добрососедството и на соработката меѓу двата народа, кои се однесувале и треба да се однесуваат пријателски, Бугарија треба да биде таа што ќе ја поддржува Македонија. Немам ништо против ако поради кршење на Копенхашките критериуми добиеме вето, ама да добиме вето за да смениме Устав, а истовремено тој што ја бара уставната промена да нема ниту една одредба во својот устав за заштита на правата на малцинствата, тоа е тотално нелогично – вели таа.

    Ова е целото интервју на Гордана Силјановска Давкова за порталот Република:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img