Поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески, обвинети во случајот „Титаник”, по изјаснувањето за виновни за обвинението, денеска од Кривичниот суд Скопје, беа осудени на вкупно седум години казна затвор.
Претседателот на судечкиот совет Осман Шабани информира дека Јанакиески е осуден на вкупно четири години и шест месеци затвор, додека Јанкуловска, на две години и шест месеци затвор.
Воедно, денеска пресуда беше соопштена и за останатите обвинети кои признаа вина во случајот „Титаник”.
Обвинетиот Мартин Протуѓер беше осуден на условна казна од две години затвор, која нема да се реализира ако во следните пет години не стори ново кривично дело. Исто така на иста условна осудени беа осудени и поранешната заменичка – министерка за правда Билјана Бришковска-Бошковски и обвинетите Кирил Тодоровски и Катерина Веловска.
Обвинетиот Мунир Пепиќ беше осуден на казна затвор од една година, додека Коста Митровски беше осуден на три години казна затвор.