Потпретседателот на Собранието и претседател на НСДП, Горан Мисовски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 го сподели неговиот став по лидерската средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според него, и Мицкоски и Ковачевски се блиску до договор.
„Сигналите се такви, јас со целото мое искуство и од она што го гледав на прес конференцијата мислам дека и Мицкоски и Ковачевски се блиску до договор“, вели Мисовски.
На прашање на модераторот за тоа како го коментира реакциите на ВМРО-ДПМНЕ по лидерската средба, Мисовски истакна дека смета оти се политички тактики.
Извор-ТВ21