More

    Нема кривично дело во случајот со малата Јана, родителите најавија експертска анализа од странство

    spot_img

    Нема кривично дело во случајот со малата Јана. Ваква одлука донесе битолското јавно обвинителство повикувајќи се на прибраните докази и извештајот на Институтот за судска медицина во кој стои дека лекарите што го третирале девојчето не постапиле спротивно на законот.

    – Согласно вештиот наод, утврдено е дека постапките на сите здравствени работници кои биле вклучени во лекувањето биле во согласност со сите правила и начела на медицината. Имајќи го предвид ваквото вештачење кое беше засновано на целокупната медицинска документација, здравствената историја на починатата и наодот од обдукција, како и исказите на испитаните здравствени работници и на родителите, обвинителството достави известување до семејството дека во конкретниот случај нема основ за натамошно јавнообвинителско постапување – велат од Обвинителството од каде појаснуваат дека предлог од родителите да се вештачи и комјутерот во битолската болница за да се утврди евентуална промена на податоците се уште не е пристигнат до нив. Но, додаваат, било каква иницијатива ќе биде разгледена.

    Родителите на Јана велат дека битката за правда ќе ја продолжат и покрај ваквата одлука на обвинителството, бидејќи се убедени дека причината зошто ја загубиле Јана е дадената инфузија, што според нив е грешката што ги чинела чедо.

    Мајката на Јана вели дека ако треба ќе побараат и експерти од странство, а надлежните од обвинителството кажаа дека материјалите врз основа на кои се вршеле сите вештачења ќе им бидат достапни за доколку имаат потреба да извршат таква независна експертиза.

    Во меѓувреме, роднини, пријатели и граѓани преку социјалните мрежи организираат нов протест за поддршка на родителите за утре во 19 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img