Голот на Микел Ојарзабал во 86. минута ја испиша европската фудбалска историја во полза на Шпанија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Голот на Микел Ојарзабал во 86. минута ја испиша европската фудбалска историја во полза на Шпанија. Немаше офсајд, 2:1 за Шпанците. Стрелецот на Реал Сосиедад ги реши дилемите. Претходно, мајсторскиот гол на Кол Палмер кој ја погоди шпанската мрежа токму во ќошот ги изедначи нештата и им даде надеж на Англичаните.

Но, не за долго. Од 86-та минута до 90-тата Шпанците се вратија во играта со неколку акции за да ја освојат европската круна.

Во тие десетина минути Шпанците доминираа со своите акции во кои шебајќи мајсторски ја надмудруваа англиската одбрана.

Ниту продолжението од 4 минути не им помогна на Англичаните. Речиси на крајот, во последните 2 минути, серија од неумесни удари и сопки направи да се доделат неколку жолти картони на теренот. Играчите од двете репрезентации беа возбудени. Шпанците не можеа да ја скријат радоста….и крај!

Она што сите ги изненади беше промашувањето на младиот Ламин Џамал во 82. минута каде шутна директно во голманот иако беше во дијагонална позиција пред голот. Да дадеше гол Џамал можеби ќе се запишеше во историјата како најмлад кој решил европско финале.

 

 

Share This Article