Голманот на Арсенал на необичен начин откри дека тој и неговата сопруга чекаат дете (ВИДЕО)

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави синоќа во Лигата на нации во зоната КОНКАКАФ го победи Ел Салвадор со 1:0.

Натпреварот го реши голот на Рикардо Пепи, 19-годишниот напаѓач кој влезе во игра во 60. минута и постигна гол само две минути подоцна.

Пепи несомнено беше херојот на Американците, но на крајот од натпреварот се истакна уште еден нивни играч. Голманот на Арсенал, Мет Тарнер, кој немаше многу работа во текот на мечот (претставниците на Салвадор не упатија ниту еден удар во голот), ги собра сите соиграчи и со помош на официјалниот спикер им кажа дека неговата сопруга е бремена. повторно.

Тарнер минатата година се ожени со поранешната навивачка во НФЛ, Ешли Херон. Во јуни го добија синот Истон, а сега чекаат девојче.

Share This Article