Денвер го чека ривал за големото НБА финале, а клубот полека се подготвува за дуели во кои Бол Арената ќе биде домаќин на спектакл.
Мајами моментално води во источното финале против Бостон со 3:1, а каде ќе се играат првите два натпревари зависи од тоа кој ќе игра против Денвер.
Доколку Мајами влезе во финалето, домаќин на првите два меча ќе биде Денвер. Доколку Бостон биде во финалето, ќе биде домаќин на првите натпревари.
Во секој случај, Денвер веќе знае колку ќе чинат билетите.
За најоддалечените места, значи зборуваме за најевтините билети, на навивачите ќе им требаат 750 долари за првиот натпревар. Цените на билетите за седиштата до теренот засега се движат од 6.000 до неверојатни 25.000 долари.
За вториот меч најевтиниот билет ќе чини 849 долари, а за третиот 995 долари.