Силно невреме синоќа зафати делови од Хрватска, особено во Далмација, а најлошо беше во Подгора каде за нешто повеќе од еден час наврнаа дури 140 литри дожд на метар квадратен.
Дождот не прекинуваше со часови и сите расположливи сили беа на терен.
Пороите ги поплавија улиците и шеталиштата, дворовите и подрумите. Според неофицијални информации, поради силните налети на ветер и обилните дождови, неколку автомобили биле буквално „фрлени“ во морето.
Загрозени беа и Корчула, Хвар и Пелешац, каде постојано се формираа нови облаци со грмежи.