More

    Големи промени во раководството на РК „Вардар 1961“

    spot_img

    Македонскиот ракометен гигант „Вардар 1961“ направи големи промени во раководството откако на денешната прес-конференција од функцијата се повлече претседателот Михајло Михајловски, додека на негово место ќе биде Борко Ристовски, а функција во клубот доби и Стојанче Стоилов.

    – Се вратив во „Вардар“ бидејќи имав цврсти ветувања дека ќе добијам помош од високи функционери во државата, но тоа не се случи. Си наоѓав оправдување, за несреќа влетавме во пандемија и во целиот свет, па така и кај нас приоритет беше здравството, спортот остана некако на последно место. Оваа трета година, кикснавме, освоивме трето место. За мене е тажно што на свој терен загубивме од „Алкалоид“ кој го победивме претходно девет разлика. Така дојдовме во ситуација да одиме во ждребот, каде што како знаете го добивме „Рајн Некар Левен“ кој беше најнепосакуван. Минатата година најавив дека сакам да се повлечам, но чекав да најдам вистински луѓе. Сега верувам дека најдов луѓе кои можат да го водат „Вардар“. Јас во иднина нема да имам никаква функција, тука ќе бидам ако треба да дадам некој совет – рече Михајловски.

    Борко Ристовски ќе биде новиот извршен директор на „Вардар 1961“, додека Стојанче Стоилов ќе биде во улога на помошник на тренерот Владо Недановски, но и координатор на младинските категории.

    – Чест ми е што ќе бидам на ваква одговорна функција во „Вардар“, благодарен сум на претседателот Михајловски за укажаната доверба. Сите мои контакти кои ги стекнав низ годините ќе се обидам да ги искористам да му помогнеме на „Вардар“. За мене ова ќе биде еден нов чекор и верувам дека ќе бидеме успешни. Наша цел во првата сезона ќе биде да го стабилизираме клубот, како на финансиски, така и на играчки кадар. До овој момент имаме потпишано договори со шест играчи кои Недановски и Стоилов проценија дека им се потребни. Оставаме простор, доколку се укаже шанса да доведеме и ново име, но сега почнуваме со овие играчи – изјави Борко.

    Функција ќе има и директорот на „Неуромедикa“, Емил Угриновски кој ќе биде претседател на неизвршните директори.

    Нови играчи на „Вардар 1961“ се: Стефан Петриќ, Марко Срдановиќ, Матија Николиќ, Кеисуке Јакусира, Нилтон Мело и Хансен Родригез.

    Вардарци со многу новајлии и без ланските носители на играта ќе ја започнат подготвителната фаза. Освен настапот на домашната сцена, македонскиот тим ќе игра во квалификациите за Лигата на Европа, а го доби најтешкиот ривал „Рајн Некар Левен“. Засега не е познато дали и кога би стартувала новата сезона на СЕХА лигата, која треба да биде трет фронт за „Вардар 1961“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img