Одрон на неколку големи карпести блокови во долината Морин, предизвика прекин на железничкиот сообраќај меѓу Франција и Италија, а има и проблеми со патниот сообраќај.
Официјалните лица најавија дека затворањето ќе трае најмалку до среда, пренесува весникот „Фигаро“.
Камените блокови со приближна површина од 700 метри квадратни почнаа да се одронуваат вчера околу 17 часот и 15 минути, соопштија од префектурата Савоја.
Францускиот министер за сообраќај Клемент Боне предупреди дека за враќање на сообраќајот во нормала се потребни неколку дена. Товарниот сообраќај се одвива преку тунелот Монт-Блан или по автопатот А8.