Голема трагедија под превезот на тајноста: 29 лица загинаа во пожар во кинеска болница

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Fire damage is seen at the Changfeng Hospital in Beijing on April 19, 2023, after a fire broke out a day earlier. An investigation was underway on April 19 after a fire ripped through a hospital in China's capital Beijing, killing 21 people, state media reported.,Image: 770308781, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: GREG BAKER / AFP / Profimedia

Кина нареди истрага за пожарот во болница во Пекинг во кој загинаа 29 лица, еден од најсмртоносните во главниот град во последниве години, но многу објави на социјалните мрежи за инцидентот беа избришани бидејќи луѓето се сомневаа во доцнењето на објавувањето на вестите.Меѓу жртвите, 26 се болнички пациенти, рече официјалниот претставник, додавајќи дека пожарот избувнал во крилото каде се сместени критично болните пациенти.

Драматични видеа од луѓе кои користат врзани чаршафи за да се качат по зградата за да избегаат од чадот и пламенот, беа видени на социјалните мрежи откако пожарот избувна околу 13 часот (5 часот по Гринич) во вторникот во болницата Чангфенг.

За време на спасувањето, евакуирани се 71 лице. До 18 часот загинаа 29 лица, објави Пекинг дејли. Според локалните извештаи, пожарот бил изгаснат половина час подоцна.

Владата во Пекинг најави дека во среда напладне ќе одржи прес-конференција. Локалните медиуми јавија дека истрагата е во тек.

Властите во средата го блокираа пристапот до болницата. Можеше да се видат скршени и изгорени прозорци, а на местото на настанот беа распоредени силни полициски сили, вклучително и полиција во цивилна облека, изјавија очевидци на Ројтерс.

Објавите на социјалните мрежи за пожарот што кружеше на WeChat неколку часа беа или цензурирани или избришани, според проверките на Ројтерс.

Во една сè уште видлива објава, болницата беше критикувана дека на својата официјална сметка на WeChat во февруари се фалела дека е подготвена во случај на пожар.

„Спасувачките напори на местото на несреќата беа завршени за 3,5 часа, но јавноста дури по 20 часот дозна дека 29 луѓе загинале во пожарот“, напиша едно лице на WeChat во објавата која подоцна беше избришана.

„Многу е збунувачки што малку информации беа познати пред официјалното соопштение за пожарот во кој загинаа 29 луѓе во густо населен голем град како Пекинг“, се вели во коментарот.

- Advertisement -
Ad image

Причината за пожарот е под истрага, според извештаите на државните и локалните медиуми.

Share This Article