Голема експлозија се случи рано утрово на гасовод во американската сојузна држава Оклахома. Според противпожарната служба, пламенот достигнува висина од 150 метри и е толку голем што може да се регистрира и од сателити.
Експлозијата се случи 4.45 часот по средноевропско време во округот Бивер, објави ABC News.
Според противпожарната служба, пламенот достигнува висина од 150 метри и е толку голем што може да се регистрира и од сателити.
Противпожарните екипи се на „безбедно растојание“ додека гасот не може да се исклучи, наведува ABC.