Голема лудост за нови дресови, кои се посебни поради еден детаљ
Фудбалскиот клуб Спортинг ја претстави третата гарнитура на дресови за следната сезона, а на неа е и логото „CR7“ кое ќе му донесе милиони на португалскиот тим.
Пред 20 години Кристијано Роналдо се пресели од Спортинг во Манчестер Јунајтед, а тие два клуба тогаш одиграа пријателски натпревар кој имаше посебно значење за сите фанови на португалскиот великан.
Ниту 20 години подоцна Роналдо не се врати во Спортинг, но љубовта кон тој клуб остана. Затоа Спортинг реши да го стави неговото лого на дресовите чија поединечна вредност е 95 евра, односно 85 евра за носителите на сезонски билети.
„Патувајте со нас низ времето, до 2003 година. Го опфативме сето најдобро од тој ден, најдобрите 20 години и најдоброто што е создадено ‘од Спортинг’“, пишува во соопштението на лисабонскиот клуб заедно со споменатиот нов дрес.
На црниот дрес зад златно-жолтите ракави на десната страна на градите е логото „CR7“ наместо втисната марка на производителот на опремата.
Само од продажбата на овој дрес клубот за само неколку дена собра 750.000 евра. Има толкав наплив на навивачи за овој дрес што клубот деновиве едвај има време да испечати нови реплики, пишуваат португалските медиуми.
Само првиот ден од продажбата, целиот контингент на дресови беше распродаден (10.000), некои онлајн, некои директно во продавницата, а од вторник само од продажбата на овој артикл клубот заработи 750.000 евра.
Заработената сума на пари се очекува да се зголеми во наредните денови, бидејќи бунирот за продажба на дресови продолжува.