Голема акција на државниот инспекторат за контрола на замрзнатите цени

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Акција за контрола на увозници на овошје и зеленчук спроведува од изутрина низ цела држава Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во координација со Управата за финансисика полиција и Управата за јавни приходи. Се контролираат производите по одлуката на Владата за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот.

– Со акцијата се опфатени увозници на зеленчук и овошје во Скопје, влезено е и на Кванташки пазар, а  се вршат надзори и кај увозниците на големо во Струмица, Дебар и други градови – потврди за МИА директорт на ДПИ Горан Трајковски.

Од ДПИ на терен се над 30 инспектори.

Трајковски најави дека акцијата ќе трае во текот на денов, но оти сумирани информации за исходот ќе бидат објавени в понеделник од кога, како што посочува, ќе продолжат да се вршат постојано контроли исто како и во изминатиот период.

Министерот за економија Крешник Бектеши, вчера најави дека на седница на Владата во вторник ќе бидат ревидирани дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленукот порачувајќи дека ќе продолжат  контролите за тоа како е направен увозот во нашата држава за сите увозници на овошје и зеленчук за последните месеци.

Во првите четири месеци од годината кај нас генерално се увезува зеленчук и овошје од Турција, Грција, Албанија и од Србија. Со Србија и Албанија кои се во ЦЕФТА немаме царини, а со Грција и Турција има, плус се плаќа и 5 отсто ДДВ за увезеното овошје или зеленчук.

Share This Article