More

    Голем шумски пожар на Коринт – Загинаа две лица

    spot_img

    Шумскиот пожар што избувна вчера  во областа Коринт, на југот на Грција, поради силниот ветер неконтролирано се шири, а две безживотни тела се пронајдени неколку часа откако беа пријавени за исчезнати, соопшти денеска грчката противпожарна служба.

    Станува збор за двајца мажи кои тргнале со мотори за да му помогнат на својот познаник, пренесува Катимерини.

    Жителите на неколку загрозени села добија наредба да се евакуираат, а пожарникарите цела ноќ се бореа со огнот.

     

    Ангажирани се околу 350 пожарникари, 110 возила, 5 авиони и 4 хеликоптери.

    Регионалниот гувернер на Пелопонез, Димитрис Птохос изјави дека пожарот брзо се проширил и излегол од контрола поради многу силните ветрови што дуваше во областа.

    – Изгоре голема површина од шумата, но во моментов не можеме да процениме колку хектари. Исто така, изгореа и некои рурални куќи – рече Птохос.Тој додаде дека училиштата во општина Ксилокастро-Евростини денеска нема да работат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img