More

    Гола жена покриле со лисја и послужиле храна, еве кој се гоштавал

    spot_img

    Раперот Шон Диди Комбс, познат како Пи Диди, неодамна беше уапсен во Њујорк, а обвинет е за рекетирање, трговија со луѓе и многу други криминални дела. Озлогласениот рапер е главна тема на социјалните мрежи, најмногу поради неговите забави наречени „freak-offs“ на кои сексуално ги злоставувал своите машки и женски жртви и ги снимал без дозвола. Покрај овие забави, последните денови се шират фотографии и од други негови раскошни забави на кои биле поканети бројни славни гости.

    Сега на социјалните мрежи се проширија фотографии од една забава која се одржала во 2004 година, а на која Диди јадел храна од гола жена.

     

    Жената лежела на средина на масата, а раперот од неа земал јагоди прекриени со чоколадо. Освен него, истото го направиле и други ѕвезди, меѓу кои Вил Смит, Дијана Рос, Овен Вилсон и Брус Вилис.
    Гостите на фотографиите изгледаат потполно рамнодушно додека голата жена лежела покрај нив, опкружена со овошје. Таа на интимните делови била покриена само со лисја.

     

    Ова не е единствената забава која наиде на негативни коментари. Неодамна се прошири видео од една негова забава, популарно наречена „бела забава“, каде раперот држи говор кој многумина го опишаа како морничав.

    – Ве нахранивме сите, ви дадовме пијачки, сега е време да уживате во животот. Ова е прослава на животот. Ова е вистинска „бела“ забава. Децата имаат еден час да ја напуштат забавата и потоа ова се претвора во нешто што кога ќе пораснете ќе сакате да го посетите – рекол тогаш.

    На неговите забави присуствувал и Леонардо Дикаприо, кој наводно не бил во контакт со раперот во последните неколку години. Освен него, чести гости биле и сестрите Кардашијан, Парис Хилтон, Мараја Кери…

    Инаку, Диди во моментот се наоѓа во притвор во Њујорк, а со денови се дебатира дали некоја од познатите личности учествувала во криминалните дејствија што ги направил. Според пишувањата на странските медиуми, некои од нив може да се видат на видеата кои тој ги снимил без нивно знаење.

    Раперот се изјаснил за невин, а судијата одби да го пушти на слобода со кауција. Доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со доживотен затвор.

     

     

    ФОТО: Икс/Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img