Ѓоковиќ зборуваше на кинески, имаше посебна порака

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Tennis - Australian Open - Melbourne Park, Melbourne, Australia - January 23, 2024 Serbia's Novak Djokovic reacts during his quarter final match against Taylor Fritz of the U.S. REUTERS/Issei Kato

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, на кинески јазик ја честиташе кинеската Нова година која се славеше во петокот.

„Среќна лунарна нова година на сите ширум светот кои ја слават Годината на Змејот. Ви посакуваме среќни и безбедни прослави“, рече Ѓоковиќ.

Кинеската или лунарната Нова Година се дочекува според лунарниот календар, втората млада месечина по зимската краткоденица, па најчесто се паѓа на крајот на јануари или почетокот на февруари.

Во самата Кина се нарекува пролетен фестивал, додека во околните земји кои го слават има некои други имиња.

Ѓоковиќ неодамна беше поразен во полуфиналето на Австралија опен каде Јаник Синер беше подобар од него во четири сета.

Share This Article