Северина Вучковиќ одржа концерт во Дубровник, а големо внимание привлече српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој дојде да го види нејзиниот настап во клубот „Ревелин“.
Публиката заедно со Северина ги пееше нејзините најголеми хитови како „Уно моменто“, „Тарапана“, „Добредојде во клубот“…
А еден од обожавателите го снимил Ѓоковиќ како стои настрана и танцува на хитот на Северина „Тарапана“.
Но, тука не е крајот. Ѓоковиќ целосно го украде шоуто кога се качи на сцената, а публиката почна да го скандира неговото име. Додека тие извикуваа „Ноле, Ноле“, Северина ги охрабруваше да му аплаудираат, а кога српскиот тенисер излегол од сцената, таа му се поклонила и го запеала хитот „Вирујен у те“.
ФОТО: Тик-ток