Поразот на Карлос Алкарас во полуфиналето на Мајами од Јаник Синер го врати Новак Ѓоковиќ на првото место на АТП листата.Алкарас требаше да го освои Мастерсот во Мајами за да остане на првото место на АТП листата во понеделник на 3 април.
Како што загуби од Синер, загуби и 640 поени, па од понеделник и официјално повторно ќе биде вториот рекет во светот.
Ѓоковиќ ќе има 7.160 бодови на првото место, Алкарас на второто место со 6.780.
Ѓоковиќ за два дена ќе ја започне својата 380-та недела на првото место.
Првиот Мастерс на кој Новак ќе игра оваа сезона е Монте Карло, закажан за периодот од 9 до 16 април, со преноси на Спорт Клуб.