Новак Ѓоковиќ се пласираше во рекордното 47. полуфинале на гренд слем турнирите откако го совлада Американецот Тејлор Фриц на Отвореното првенство на САД.
Триесет и шестгодишниот српски тенисер славеше со 6:1, 6:1, 6:4 и го продолжи патот кон 24. гренд слем титула.
Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе игра против Бен Шелтон за кого ова е најголемиот успех во кариерата.
Без разлика дали ќе го освои турнирот, Ѓоковиќ од понеделник повторно ќе биде светски рекет број еден.