Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ не издржа и упати пцовки кон група навивачи кои дојдоа да го провоцираат на мечот со Јаник Синер на полуфиналето на Вимблдон. Во моментот кога тој успеа да ја спаси првата брејк топка во третиот сет се сврте кон нив и рече „да ви ја ебам мајката“.
Потоа сервираше и успеа да се повлече и – го доби натпреварот. Финалето е резервирано. За момент тој како да заплака, гестикулираше како да брише солза пред грубо да промрмори „пес ви ја ебал мајката“ гледајќи пак кон толпата.
Заплака ли Ѓоковиќ? Погледнете:
По ова следеше аплауз од тимот на Ѓоковиќ, а веднаш од седиштата станаа Горан Иванишевиќ и Јелена Ѓоковиќ.
– Тие не знаат дека тоа всушност ме мотивира – изјави еднаш Ѓоковиќ за ваквите негови испади на теренот.
Доколку го освои турнирот, Ѓоковиќ сигурно ќе дојде до првото место на АТП-листата. Исто така, тој обезбеди награда од 1,37 милиони евра за пласманот во финалето.