More

    Ѓоковиќ не е вегетаријанец ниту веган, но има една намирница која што е забранета во неговиот дом

    spot_img

    Не, тенискиот ас Новак Ѓоковиќ не е вегетаријанец ниту веган, но има една намирница која што е забранета во неговиот дом. Токму избегнувањето на оваа храна се смета за една од тајните на успехот на овој тениски ас кој уште во средните 20-ти почна да освојува гренд слемови и светски турнири.

    Освен што Новак и Јелена повеќепати изјавиле дека основата на нивната исхрана се растенијата, тие воопшто не користат шеќер. Забрането. Но, тоа не значи дека тие не ги добиваат шеќерите од друго место, по природен пат преку овошје, а не оној вештачкиот преку зашеќерени газирани пијалоци, преработена храна…

    А вистинска замена за шеќерот во домот на Јелена и Новак е медот Манука, кој потекнува од Нов Зеланд.

    Во книгата „Сервирај за победа“ од 2013 година Новак признава дека секое утро јаде две лажици од овој мед и пие голема чаша вода. Го консумира и меѓу сетовите кога игра. Медот има јак мирис и содржи витамин Б комплекс, калциум, бакар, железо, магнезиум, калиум, натриум и цинк. Мангезиумот е многу битен за телото и за нервниот систем, но и за мускулите.

     

    Научниците во 2014 година во магазинот „American Journal of Therapeutics“ рекле дека уште го истражуваат и дека во него нашле едно органско соединение кое може да реши многу болести, вклучувајќи инфекции со ешерихија коли и златна стафилокока.

    Што се однесува до овошјето, Ѓоковиќ им дава предност на урмите. Тие се нискокалорични, а се полни со фруктоза, природен шеќер кој телото добро го разградува. Но, на терен наместо урми или пак банани, кои исто така ги претпочита, на Ѓоковиќ често му носат јаболка!

    – Банани, урми и вода, навистина не ми е јасно, секој натпревар е ист, сме се договориле, а тие уште не разбираат. Ми носат јаболко. Какво јаболко, човеку. Потоа наоѓам круша, урми нема ни за лек. Па, ми носат магнезани, па секакви работи – им се насмеа Ноле на собраните новинари тогаш.

    Еднаш во 2012 година, кога победил на Австралија опен Ѓоковиќ посакал чокаладо. Но, решил да изеде само една коцка. Ова е таа тешка самодисциплина на спортистите.

    А што јаде за ручек кога сака да се најаде? Тестенини и тоа безглутенски. Во 2020 година Ѓоковиќ изјави дека одржува режим на автофагија, тоа е кога не јадеме 12 до 16 часа за телото природно да го зајакне имунитетот и да може да ги исчисти отровите и да стопи од вишокот масти. Тој рече дека ги следел советите за диета на д-р Драган Иванов од Нови Сад.

    Овој метод значи дека по 16 или барем по 18 часот попладне не би требало да јадете ништо до утрото. Или пак ако сакате да вечерате првиот оброк следниот ден би требало да биде подоцна – кон пладне.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img