Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, го заврши настапот на турнирот во Мадрид, откако вечерва во полуфиналето загуби од Шпанецот Карлос Алкараз во три сета (7:6, 5:7 и 6:7).
Тенисерите на теренот минаа 3 часа и 38 минути. За тоа време, 34-годишниот Ѓоковиќ комплетираше осум асови, двапати погреши при сервисот и направи еден брејк. Деветнаесетгодишниот Алкараз четири пати сервираше ас, имаше исто толку двојни сервис грешки и искористи две шанси за брејк.
Вториот финалист ќе биде познат доцна вечер по одигрување н амечот Стефанос Циципас (Грција) – Александар Зверев (Германија).
Наградниот фонд на АТП Мутуа Мадрид опен турнир изнесува 7,75 милиони евра.