Сфатив колку е важна фамилијата, колку е важно да имаш за кого да се бориш, вели популарниот македонски пејач Ѓоко Танески кој по 45 години ја пронашол родената сестра за која долго време не знаел дека постои. Тој откри дел од семејната судбина во емисијата „Нешто конкретно“
– Се најдовме после 45 години. Родена сестра од мајка и од татко. Некое време не знаев дека постои, па после дознав, па не можевме, па ја најдовме… и така сега живееме како никогаш да не сме биле разделени – раскажа пејачот.
Тој вели дека сега неговото семејство е поголемо и побогато и дека тој настан му го сменил погледот на животот.
-Што ми промени? Сфатив колку е битна фамилијата, колку е битно да имаш за кого да се бориш. Ја сега имам да се борам за уште еден член. И не само сестра ми, има и уште двајца внуци. Едноставно, се збогативме, се збогати семејството со повеќе души – вели Ѓоко Танески во емотивната изјава.