Годинава Скопје веќе не е меѓу ТОП 10 на листата во категорија ефтини градови за инвестиции

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Скопје се најде на врвот на ТОП 10 европски градови со средна големина по ефективноста на трошоците во рамки на рангирањето на списанието  fDi Intelligence, за минатата година, но на годинашното рангирање веќе не е на списокот.

На списокот  што ја прави списанието секоја година се рангираат градовите и регионите во Европа  според привлечноста, пријателскиот однос и можностите за странските инвестиори, Скопје е објавено во рамки на текстот за рангирањето на градовите со средна големина за 2023 година.

Списанието за 2024 година ја издвојува посебно Србија во однос на подобрувањето на инвестициската клима и привлекувањето директни инвестиции кои се главни приоритети на владата од 2012 година, што резултираше Србија да стане водечка светска инвестициска дестинација. Србија во последната деценија има привлечено 34 милијарди евра директни странски инвестиции.

Балград се најде на 8 позиција на топ 10 големи градови на иднината кои се пријателски настроени кон инвеститорите.

Според списанието неколку градови од централна и источна Европа се во центарот на вниманието во 2024 година на водечкото рангирање на европските градови и региони на иднината.

Франкфурт во Германија, Вроцлав во Полска, и Луксембург Сити, главниот град на истоимениот округ, се искачија на врвот на нивните соодветни категории: големи градови, градови со средна големина и мали градови.

Лондон го потврди своето лидерство во категоријата големи градови, а го следат Амстердам и Даблин.

- Advertisement -
Ad image

Во категоријата мали градови, Луксембург Сити се искачи на врвот на рангирањето.

Помеѓу регионите, Парискиот регион (Иле-де-Франс) победи меѓу големите региони со својата стратегија за промоција на инвестициите. Северна Ирска победи во категоријата региони со средна големина и Среднозападниот регион на Ирска во категоријата мал регион.

- Advertisement -
Ad image

Весникот оценува дека севкупно, уделот на Европа во глобалниот колач за СДИ се намали во 2023 година, што претставува приближно 29% од вкупните проекти објавени во 2023 година – помалку од приближно 36% во 2022 година.

Рангирането се прави според перформансите во пет подкатегории: економски потенцијал; бизнис пријателство; поврзување човечки капитал и начин на живот и економичност.

За рангирањето на европските градови и региони на иднината за 2024 година во  категоријата „Стратегија за СДИ“ списанието направи анкети  со европските агенции за промоција на инвестиции.

Share This Article