Годинава купиле речиси 200% повеќе станови од лани

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Руските инвестиции во недвижности во Туркије се зголемија за 199 проценти во првите 9 месеци годинава во споредба со истиот период од 2021, покажаа податоци од турскиот статистички институт.

Според Институтот, руските граѓани купиле 9.311 домови од јануари до септември.

Продажбата на имот на странци во целата земја се зголемил за 32,5 отсто на годишно ниво за периодот и достигнал 49.644 единици.

Во првите девет месеци најмногу имот е продаден во Истанбул, 19.594 недвижности.

Потоа следуваат Анталија со 14.656, Мерсин со 2.596 и Анкара со 2.295. Западен Измир и црноморските провинции Самсун и Трабзон влегуваат во десетте најжешки дестинации за посочениот период.

Од март има брз пораст на купените живеалишта од руски и украински граѓани. Во првите девет месеци од минатата година, Русите купиле само 3.115 единици недвижен имот.

Бројот на Украинци кои купиле недвижности исто така бележи пораст од 125 отсто, достигнувајќи 1.775 купени домови

Share This Article