Годинашниот март е најжешкиот март во историјата на мерењата, а температурата на морската површина достигна нов апсолутен месечен рекорд во глобалната температура на морињата

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Годинашниот март е најжешкиот март во историјата на мерењата, а температурата на морската површина достигна нов апсолутен месечен рекорд во глобалната температура на морињата, денеска објави службата за следење на климатските промени на ЕУ, „Коперник“.

Гевин Шмит, директор на Институтот за вселенски студии Годард на НАСА за Би-Би-Си вели:

– Ако до крајот на летото сè уште гледаме вакви рекордни температури во Северниот Атлантик или на друго место, тогаш навистина се наоѓаме на непозната територија.

Не е само март, последните 9 месеци биле нај-најжешки!

Секој од последните 9 месеци е рангиран како најжежок досега забележан во споредба со соодветниот месец во претходните години.

– Не станува збор само за 10-тиот последователен месец кој го собори сопствениот топлотен рекорд, туку и глобалната просечна температура во последните 12 месеци е највисока досега забележана и го надминува просекот од прединдустрискиот период за 1,58 степени Целзиусови поради деценија емисии на стакленички гасови, чиј ефект од средината на 2023 година е особено нагласен со феноменот Ел Нињо – рече заменик директорката на Службата за климатски промени Коперник, Саманта Берџес.

Таа тврди дека тоа е долгорочен тренд со исклучителни рекорди за кои сме многу загрижени, додавајќи дека следењето и проучувањето на ваквите записи месец по месец навистина ни покажува дека нашата клима бргу се менува.

Сетот на податоци на Коперник датира од 1940 година, а научниците го споредија со други релевантни податоци за да потврдат дека минатиот месец беше најтоплиот март од прединдустриското време.

2023 година веќе беше најтоплата година на планетата според светските рекорди кои постојат од 1850 година.

Екстремните временски услови и исклучителните температури направија хаос на глобално ниво оваа година. Сушата предизвикана од климатските промени во прашумите на Амазон, од јануари до март, поттикна рекорден број шумски пожари во Венецуела, а сушата во јужна Африка ги уништи посевите и остави милиони луѓе да се соочат со глад.

- Advertisement -
Ad image

Рекордно се вжешти и површината на морето

Берџес рече дека податоците за морињата и океаните не се „помалку шокантни“ бидејќи новиот глобален рекорд на температурата на површината на океаните, поставен во февруари, повторно беше соборен во март.

Океаните покриваат 70% од планетата и ја одржуваат површината на Земјата погодна за живеење апсорбирајќи 90% од вишокот топлина произведена од загадувањето со јаглерод диоксид, резултат на човековата активност од почетокот на индустриската ера.

Научниците минатиот месец предупредија дека затоплувањето на океаните на Јужната хемисфера ќе доведе до масовно белење на коралите и дека тоа може да биде најопасно во историјата на планетата.

Примарната причина за исклучителната топлина се емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот, се вели во билтенот на Коперник.

- Advertisement -
Ad image

Други фактори кои влијаат на зголемувањето на температурата е и Ел Нињо, природен метеоролошки феномен, поврзан со затоплувањето на површинските води на источниот екваторијален Тихи Океан, коj се случува циклично во период од 3 или 8 години.

Ел Нињо слабее

Ел Нињо го достигна врвот во декември и во јануари, а сега слабее, што може да помогне да се прекине жешката серија кон крајот на годината.

Потоплите океани значат повеќе влага во атмосферата. Научниците велат дека воздухот генерално може да задржи околу 7% повеќе водена пареа за секој степен Целзиусов на температурен пораст.

Ова резултира со сè понепредвидливи временски услови, како што се жестоки ветрови и обилни дождови.

– Знаеме дека периодот во кој живееме сега веројатно ќе биде најтоплиот во последните 100.000 години – рече Саманта Берџес.

И додека се уриваат климатските рекорди, научниците расправаат дали екстремната топлина забележана лани била во границите на прогнозата или станува збор за нешто сè уште непознато.

– Главниот предизвикувач на затоплувањето се емисиите на фосилни горива – вели климатскиот научник Фридерике Ото.

Неуспехот да се намалат овие емисии ќе го зголеми затоплувањето на планетата, што ќе резултира со поинтензивни суши, пожари, топлотни бранови и обилни врнежи, предупреди Ото.

Share This Article