Гнете сега Николас Хулт како Николас Кејџ некогаш

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Двајца Николаси, одлични актери, нема што нема да сторат за добра улога.

Па дури и да јадат – бубашваби и инсекти.

Николас Хулт игра во „Ренфилд“, филмот за Дракула со Николас Кејџ во главната улога. Тој го игра придружникот и слуга на на грофот од Трансилванија, Ренфилд. Според многумина, тоа е главната улога во овој филм.

Во актерската екипа се и Бен Шварц, Адријан Мартинез, Шорех Агдашло, Бес Рус и други.

И Ренфилд, како и грофот Дракула, јаде живи суштества, бидејќи верува дека нивната крв ќе го направи бесмртен. Јаде – инсекти.
На снимањето на филмот Хулт морал да се соочи со необичен предизвик, да изеде компирова златица.

Николас Кејџ му помогнал, присетувајќи се на една прилично гадна сцена од снимањето на филмот „Бакнежот на вампирот“ од 1988 година.

Верувале или не, на тоа снимање Николас Кејџ јадел живи бубашваби.

„О да, изедов двапати, бидејќи режисерот го направи тоа само од шега“, му рекол Кејџ на 33-годишниот Холт, објаснувајќи му дека бубашвабата сепак треба да е полоша од компировата златица.

Хулт, пак, се пофали дека штурците што ги изел за филмот „всушност биле прилично вкусни“

- Advertisement -
Ad image

Исхраната ориентирана кон инсекти може да го реши проблемот на гладта во светот, изјавил Николас Кејџ за медиумите, но сепак додал дека никогаш повеќе нема да јаде бубашваби.

Share This Article