More

    Главниот економист на Народната банка, Крстевска: Со постепеното затегнување на основната камата се води сметка за економијата

    spot_img

    „Затегнувањето на монетарната политика треба да биде приспособено на условите во економијата и во практиката е позастапено постепеното затегнување. Постепеното затегнување е и попредвидливо за банките, од кои се очекува да ги следат сигналите и постепено да ги приспособуваат депозитните каматни стапки. Народната банка применува постепено зголемување на каматната стапка, со кое изминативе месеци се укажува на ризиците околу инфлацијата и следствено се преземаат мерки, а воедно се води сметка и за економијата“, вели главниот економист на Народната банка, Анета Крстевска, во интервју за весникот „Вечер“.

    „Покрај зголемувањето на основната каматна стапка, Народната банка презеде и други мерки со кои исто така влијае врз банкарскиот систем и економијата (промените во стапките на задолжителната резерва, поточно намалувањето на издвојувањето задолжителна резерва за денарските обврски и зголемувањето на издвојувањето за девизните обврски на банките). Да истакнеме дека со мерката за ослободување на банките од задолжителната резерва за новоодбрените кредити за зелени финансии, се поттикнува како кредитирањето, така и трансформацијата на економијата кон поголемо користење обновливи извори на енергија, што е клучно во овој кризен период“, вели Крстевска.   

    Крстевска истакнува дека, во сегашните околности околу инфлацијата, особено е важно да се стабилизираат очекувањата, односно да се обезбедат услови за поставување реални цени на производите од страна економските субјекти – цени коишто се реален одраз на тековните трошоци. Стабилизацијата на инфлациските очекувања на потрошувачите, од друга страна, треба да обезбеди ограничување на дополнителната побарувачка и создавањето залихи, што исто така може да ја подгрее инфлацијата.

    „Од овие причини, централните банки ширум светот гледаат потреба да придонесат за стабилизирање на инфлациските очекувања, како неопходен предуслов за зауздување на инфлацијата. Преку монетарното заострување, се праќа порака за ограничување на какви било притисоци врз цените од страна на побарувачката и се придонесува кон создавање амбиент во којшто економските субјекти се однесуваат рационално, а не според согледувањата и „подгреаните“ очекувања. Се чини дека во моментов централните банки и меѓународните финансиски институции се обединуваат во борбата околу инфлацијата како најголем глобален проблем, од којшто зависат изгледите за раст. Имено, да не заборавиме дека токму ценовната стабилност е најдобриот амбиент за инвестиции и економски раст“, вели Крстевска.

    Крстевска посочува дека иако е тешко да се зборува за натамошното движење на инфлацијата во овие исклучително неизвесни глобални околности, сепак од значење за идната патека на инфлацијата е фактот што проекциите за глобалната инфлација од сите меѓународни институции упатуваат на нејзино забавување во текот на 2023 година. Тоа е поддржано од зајакнатите напори низ европските економии, но и регионот, за трансформација на енергетскиот сектор и премин кон обновливи извори на енергија, како и веќе преземените монетарни мерки ширум светот за зауздување на инфлацијата и инфлациските очекувања, вели Крстевска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img