More

    Главната економистка на НБ, Крстевска: Преку поттикнување на штедењето до стабилизација на инфлацијата

    spot_img

    „Централните банки ширум светот се во фаза на водење затегната монетарна политика, за справување со притисоците врз инфлацијата и инфлациските очекувања. Намалената или одложена потрошувачка во периоди на зголемени каматни стапки, при истовремено поттикнување на штедењето, придонесува за враќање на ценовната стабилност на долг рок, што е од клучно значење за животниот стандард на населението. Во моментов, инфлацијата во глобални рамки забавува, но ризиците и натаму постојат и потребна е = натамошна внимателност“, посочи главнaтa економисткa на Народната банка, Анета Крстевска, во интервју за „Блумберг Адрија“.

    Крстевска објасни дека затегнувањето на монетарната политика по дефиниција значи намалување на потрошувачката, заради соборување на инфлацијата и инфлациските очекувања. „Веруваме дека во периоди на повисока инфлација сите подобро го разбираме значењето на ценовната стабилност, односно на ниските и предвидливи стапки на инфлација. Постојната инфлација е предизвикана главно од глобални фактори – цените на храната и енергијата, но со секундарни ефекти на другите цени и на инфлациските очекувања“, истакна таа. 

     Осврнувајќи се на домашниот контекст, Крстевска истакна дека веќе осум месеци инфлацијата забавува, додека во последните неколку месеци тоа е придружено и со забавување кај базичната инфлација, а се забележуваат и позитивни трендови кај динамиката и валутната структура на депозитите. Движењето на инфлацијата засега е во согласност со последната проекција на Народната банка, според која инфлацијата оваа година би била 8 ‒ 9%, просечно, годишно (наспроти 14,2% лани), а ќе забавува и следната година. За движењата на девизниот пазар, главната економистка на Народната банка посочи дека се стабилни, а девизните резерви се на солидно ниво.

     Во однос на следењето на монетарните сигнали од страна на банкарскиот систем, Крстевска посочи дека според Анкетата на Народната банка за кредитната активност на банките, одговорите добиени од банките укажуваат на зголемено влијание на монетарната политика врз политиките на банкарскиот сектор. Овие одговори соодветствуваат со нагорните промени на банкарските каматни стапки, вклучително и кај депозитите, што овозможи соодветно забрзување на депозитниот раст. „Промените кај новоодобрените кредити и новопримените депозити беа позабележителни, но со текот на времето таа промена стана видлива и кај вкупните кредити и депозити. Промените кај пасивните каматни стапки се постепени, но постојани веќе неколку месеци, што упатува на соодветно внимание на банките за каматниот принос на депозитите, како нивен основен извор на финансирање. Во секој случај, Народната банка водеше сметка промените во монетарната политика да бидат постепени, за да не настанат ненадејни промени во економијата“, истакнува Крстевска.

    Во услови на глобална неизвесност и сѐ повисоки каматни стапки, исто како и во многу други земји од регионот и пошироко, кредитниот раст од почетокот на оваа година малку забави, но и натаму е умерен (6,5% годишно во мај). „Народната банка направи напори и во овие услови да се подобри структурата на кредитирањето, преку поттикнувањето на „зелените кредити“ кај банките заради поддршка на енергетската транзиција на економијата. За таа цел, Народната банка изминатиов период соодветно го приспособи расположливиот инструментариум, односно продолжи со користењето на задолжителната резерва за неконвенционални цели (ослободување од задолжителна резерва за кредити за обновливи извори на енергија), по што следеше проширување на банкарските портфолија со „зелени кредити“, посочи главната економистка на Народната банка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img