Излезеноста за вториот круг претседателски избори до 9 часот утрово е 4,17 отсто, согласно податоците од 1 009 избирачки места каде гласале 22 797 лица. Најголема е излезеноста во Пробиштип, 8,85, а најмала во Боговиње, 0,57. За парламентарните избори, пак, излезеноста е 4,45 отсто, покажуваат податоците од 1 033 избирачки места каде гласале 25 132 избирачи. Излезеноста е најголема во Кривогаштани, 9,46 отсто, а најмала во Боговиње, 1,43, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.
– Споредбено со вториот круг претседателски избори од 2019 година излезеноста е намалена за 1,99 отсто. Во однос на парламентарните избори во 2020 година исто така има намалување – за 0,74 отсто – рече Даштевски.