Гласале 1.574 од 4.514 запишани избирачи во седумте места каде се прегласува

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од вкупно запишаните 4.514 гласачи на седумте избирачки места на кои денеска има прегласување за парламентарните избори до 15 часот, според Државната изборна комисија (ДИК), гласале 1.574 избирачи, односно излезеноста е 34,87 отсто.

Според податоците на ДИК, до 15 часот најголема е излезеноста на избирачкото место 2101 во тетовско Желино во шестата изборна единица, каде што гласале 428 избирачи или 43,10 отсто.

По него е избирачкото место 1194 во Општина Крушево, каде своето право на глас го искористиле 42 отсто од избирачите. Во второто избирачко место во Општина Крушево, каде денеска има прегласување, по пресекот во 15 часот на гласање излегле 67 избирачи или 22,48 отсто.

 

Во избирачкото место 1844 во Општина Струга, во петтата изборна единица, своето право на глас по пресeкот во 15 часот го искористиле 39,71 отсто од избирачите.

Во Охрид на избирачкото место 1272, до 15 часот, гласале 226 избирачи или 31,79 отсто.

На двете избирачки места во Општина Долнени излезеноста по пресекот во 15 часот е 27,67 отсто.

- Advertisement -
Ad image

На избирачкото место 1470/1 гласале 184 избирачи, а на избирачкото место 1470 своето право на глас до 15 часот го искористиле 173 избирачи.

Државната изборна комисија, по пресекот од излезеноста до 11 часот, информираа дека до неа се пристигнати два приговори за заштита на личното избирачко право за избирачкото место 1470 во Долнени.

Прегласувањето денеска се одвива на шест избирачки места во петтата изборна единица, а на едно во шестата изборна единица.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article