More

    Ги надмина хонорарите на Брус Вилис, Том Круз и Вил Смит

    spot_img

    Кога ќе слушнете кој станува најплатениот актер во историјата, веројатно нема да се изненадите. Оваа филмска ѕвезда има огромен број обожаватели низ целиот свет светот, вклучително и овде. Неговата нова улога му носи престижен статус, односно враќање во универзумот на „Марвел“.

    Роберт Дауни помладиот станува најплатениот актер во историјата, најавено е дека се враќа во тимот на „Марвел“, но не како Железниот човек туку како негативецот на „Фантастичната четворка“ Доктор Дум, во два нови филма за „Одмазниците“.

    Благодарение на ова, тој ќе добие повеќе од 62 милиони фунти, плус дел од заработувачката од кино благајните. Другите поволности во договорот вклучуваат патување со приватен авион и специјално осигурување, пишува „Дејли мејл“.

    Роберт Дауни помладиот ќе ги надмине хонорарите на Брус Вилис во „Шесто сетило“, Том Круз во „Топ Ган“ и Вил Смит во „Мажи во црно 3“. Новите актерски ангажмани на познатиот Роберт беа најавени неодамна на Комик кон во Сан Диего. На сцената го пречекаа браќата Русо, кои ќе режираат две нови филмски продолженија за „Одмазниците“.

    Иако „Марвел“ долго време е најдоминантниот бренд во глобалната кинематографија, неодамнешните филмови како продолженијата на „Ant-Man“ и „The Marvels“ доживеаја неуспех. Филмските режисери се надеваат дека враќањето на Роберт Дауни помладиот ќе ја промени ситуацијата на подобро.

    Претходните два филма „Одмаздници“ се снимаа во САД, продолжението ќе се снима во Лондон на пролет следната година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img