More

    Германците од Минхен го прегазија Интер среде Милано

    spot_img

    Едноставно, Баерн Минхен е премоќен за Интер. Или, пак, Интер е преслаб за Баерн Минхен, како сакате.

    Тоа  синоќа го потврдија Германците откако ги декласираа Италијанците среде Милано. Можеби резултатот и не изгледа толку лошо (0:2), но на теренот совршено се виде каква класа е тимот од Минхен за разлика од Интер.

    Првиот гол за Баерн го постигна Сане во 25 минута, а вториот гол беше автогол на Д’Амброзио во 66 минута.

    Интер, пак, како воопшто да не играе фудбал. Момците од Милано дури и не изградија некаква огромна шанса за да го загрозат голот на Ноер. Не помогнаа ниту петте измени што ги изврши тренерот на Интер во второто полувреме: во игра влегоа Гаљардини, Де Фрај, Димарко, Кореа и Дармијан, а од игра излегоа Џеко, Шкрињар, Дамфрис, Бастони и Чалханоглу.

    Ова беше првиот натпревар во групната фаза од Лигата на шампионите, но прашањето што сега се поставува е дали актуелниот тренер на Интер, Симоне Инзаги, повторно ќе седне на клупата и за вториот натпревар.

    Ова за него е трет голем пораз во септември. Првиот го доживеа од Лацио (3:1), па од градскиот ривал Милан (3:2), а сега и од Баерн Минхен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img