Германските инвеститорите во земјава нема да отпуштаат работници

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Директорката на Германската стопанска комора (АХК), Антје Ванделт вели дека вработените во германските инвестиции во земјава не треба да се грижат за своите работни места и порачува дека сегашната криза во Германија можеби е шанса за нас, бидејќи германските производни компании се во потрага по нови пазари.

– Јасно ни е дека актуелната состојба во Германија влијае и тука и буди многу прашања кај македонската јавност како економската криза во Германија ќе делува тука. Како Германска стопанска комора не ни е познато дека некој од германските инвеститори тука планира кратење на работни места. Овој период тие планираат да го искористат за тренинзи и обуки за своите вработени, но исто така и за да инвестираат во нови технологии и затоа организираат нова едукација за персоналот. Не радува дека германските инвестиции не се само во областа на автомобилската индустрија, туку има и други сектори каде што се инвестира и тие сектори не се загрозени. Во изминатата година имавме голем број на реинвестиции како во автомобилската  индустрија, така и во други сектори и затоа сметам дека нема потреба од грижа – изјави Ванделт на денешната средба со новинарите.

Таа оцени дека сегашната криза во Германија можеби е шанса за нас, бидејќи, како што рече, германските производни компании се во потрага по нови пазари, кои се блиску и имаат долгорочно искуство во производство, нудат европски стандарди и европски квалитет, а тоа е одлична шанса за земјата.

Таа нагласи дека автомобилската индустрија во Германија доживува транзиција и поминува низ една фаза во која треба да се надминат одредени препреки.

-Точно е дека тоа ќе има влијание врз производните компании, односно компаниите добавувачи од Северна Македонија кои испорачуваат за Германија. Но, она што е добро е дека германските инвестиции во земјава не се само во областа на автомобилската индустрија. Токму автомобилската индустрија во последниот квартал има благ пад на извозот кон Германија, но од мајките компании добивме информација дека во вториот квартал од 2025 година се очекува закрепнување и повторно враќање на истото ниво. Не радува и фактот дека големиот дел од германските инвестиции во автомобилскиот сектор кои произведуваат тука не се насочени само кон механичкото производство, туку голем дел од нив произведуваат делови и компоненти наменети за електричните возила – рече Ванделт.

Во одговор на прашање истакна дека смета оти промената на власта во Германија нема да има никакво влијание врз германските инвестиции во земјава и стопанската соработка меѓу двете земи.

– Сметам дека и новата германска влада ќе биде заинтересирана и ќе продолжи да се залага за економски развој и дека промената нема да има никакво влијание на инвестициите во земјава и во однос на соработката и извозот кон Германија. Германија е најголемиот инвеститор во Северна Македонија и најголемиот партнер во однос на извозот. Како Германска стопанска комора деновиве сме со нов потенцијален инвеститор кој има интерес да инвестира во преработката на пластика, така што побарувачката од страна на германските компании во однос на пазарот и можностите кои ги нуди земјата се има зголемено – порача Ванделт.

Намалувањето на македонскиот извоз кон Германија и зголемувањето на германскиот извоз кон земјава, како што кажа, меѓу другото се должи и на увозот на техничка опрема и машини од Германија кои се користат во производството кај нас.

-Во Германската стопанска комора забележавме  дека во последниот квартал од 2024 година имаме благ пад од извозот од Северна Македонија кон Германија, но добро е што според германските компании мајки во вториот квартал од 2025 година се очекува повторно враќање во нормала и повторно зголемување на производството. Годинава воедно има и увоз на техничка  опрема и различни машини кои се користат за производството што се увезуваат од Германија. Сепак има некаков биланс помеѓу извозот и увозот и воопшто помеѓу трговската размена помеѓу двете земји – посочи Ванделт.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article