По три обиди да го посети Володимир Зеленски, и едно “„не“ од Украина во април, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска пристигна во ненајавена посета на Киев, јави ДПА. Штајнмаер, кој утрово пристигна во Киев со воз, треба да се сретне со украинскиот претседател Зеленски подоцна во текот на денот.
Спорот меѓу украинскиот и германскиот претседател беше решен на почетокот на мај. Претходно, Украина ѝсе лутеше на Германија поради тоа што наводно не ѝ испраќа доволно оружје.
Минатата недела Штајнмаер го одложи планираното патување во Украина на краток рок, поради безбедносни причини.
Одлуката на Киев дојде во време на постојани критики за врските на Штајнмаер со Русија и неговиот неуспех додека беше министер за надворешни работи да ги послуша предупредувањата од источноевропските соседи на Германија за заканата од руска агресија, потсетува ДПА.