More

    Германскиот парламент денеска го усвои законот со кој се дозволува рекреативната употреба на марихуаната

    spot_img

    Германскиот парламент денеска го усвои законот со кој се дозволува рекреативната употреба на марихуаната. Според него, сите над 18 години ќе смеат да поседуваат одредено количество, но ќе биде тешко да се купи.

    Пушењето канабис на јавно место ќе стане легално од 1 април. Притоа ќе биде дозволено да се поседуваат до 25 грама марихуана, а во домашни услови до 50 грама.

    Полицијата во некои делови на Германија и досега не правеше проблеми за пушење марихуана во јавност, но поседувањето за рекреативни цели беше незаконско и можеше да се оди на суд за тоа.

    Министерот за здравство Карл Лаутербах изјави дека новиот закон има за цел да го поткопа црниот пазар, да ги заштити корисниците од неквалитетна марихуана и да ги скрати приходите на организираните криминални групи. Сепак, легалните кофи-шопови нема одеднаш да се појават низ целата земја.

    Во Германија со години се водеше дебата за декриминализација на марихуаната, при што лекарските групи и конзервативците сметаа дека тоа ќе го поттикне користењето на дрогите. Лаутербах рече дека сегашната ситуација беше неодржалива.

    „Бројот на корисниците на возраст од 18 до 25 години се удвои во последните десет години“, кажа тој.

    Пушењето канабис и натаму ќе биде забрането на некои места, како близу училишта и спортски терени. Исто така, пазарот ќе биде строго регулиран и купувањето нема да биде лесно. За почеток ќе постојат „социјални клубови за канабис“, при што секој од нив ќе може да има најмногу 500 членови и ќе се дистрибуираат ограничени количини.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img