Германскиот извоз во пад втор месец по ред

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германскиот извоз и увоз се намалија во октомври поради послабата трговска активност во Европа, покажаа прелиминарните податоци на заводот за статистика Дестатис.

Според календарските и сезонски прилагодените податоци, извозот е намален за 0,2 отсто во однос на септември, кога е намален за 2,5 отсто.

Така, извозот од најголемата европска економија во остатокот од светот е намален втор месец по ред.

И увозот се намалува петти месец по ред. На месечно ниво, во октомври е намален за 1,2 отсто, по падот од 1,9 отсто во септември.

Во однос на претходниот месец, извозот во земјите од Европската унија е намален за 2,7 отсто. За сличен процент падна и германскиот увоз од остатокот на Унијата.

Испораките во земјите надвор од ЕУ се зголемени за 2,9 отсто, додека увозот од тие земји е зголемен за 0,8 отсто на месечно ниво.

На годишно ниво се намалуваат и германскиот извоз и увоз. Во однос на октомври минатата година, извозот во остатокот од светот е намален за 8,1 отсто, а увозот од тие земји е намален за 16,3 отсто.

Во надворешно-трговскиот биланс, Германија на тој начин во октомври остварила суфицит од 17,8 милијарди евра, нешто повисок од септември кога изнесувал 16,7 милијарди евра. Истиот месец лани, суфицитот изнесуваше 7,8 милијарди евра.

Најголем дел од германскиот извоз во октомври отиде во САД, најголемата светска економија, каде што извозот порасна за 5,7 отсто во однос на еден месец претходно, покажаа сезонски и календарски приспособени податоци.

- Advertisement -
Ad image

Истовремено, извозот во Кина е зголемен за 1,5 отсто, а во Велика Британија за 5,6 отсто.

Германија увезла најголем дел од стоките од Кина, но нивниот увоз во октомври е намален за 2,4 отсто во однос на претходниот месец.

Увозот од САД е зголемен за 2,2 отсто, а увозот од Велика Британија е забележително послаб, за 15,1 отсто во однос на претходниот месец.

- Advertisement -
Ad image

Извозот во Русија во октомври е намален за пет отсто во однос на септември. Истовремено, увозот од Русија е зголемен за 6,6 отсто, покажуваат календарските и сезонски прилагодените податоци на Дестатис.

Share This Article