Германски турист е приведен во Охрид бидејќи се упатил кон објект сопственост на државен орган, известува Министерството за внатрешни работи.
Вчера во 13.00 часот во туристичкиот комплекс ,,Инекс“ во Охрид, полициски службеници го приведоа 22-годишниот Р.С. од Сојузна Република Германија.
Тој, пливајќи покрај брегот на езерото, излегол од водата и неовластено се упатил кон објект сопственост на државен орган.
По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.