Германски „Билд“-Украинската тајна служба се обидела да го убие рускиот претседател Владимир Путин со беспилотно летало камиказа.

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Според истражување на германскиот весник „Билд“, украинската тајна служба се обидела да го убие рускиот претседател Владимир Путин со беспилотно летало камиказа.

Како што пишува „Билд“, дронот UJ-22 полетал во Украина во неделата попладне. Тоа е најмодерното украинско беспилотно летало со среден дострел со домет до 800 километри. Целта наводно бил новоизградениот индустриски парк во близина на Москва, кој Путин требало да го посети тој ден. Пред да стигне до паркот, дронот се урнал.

Украинскиот активист Јуриј Романенко, за кој се вели дека има блиски врски со разузнавачките служби на Киев, преку писмо ја презеде одговорноста за нападот.

 

„Минатата недела нашите разузнавачи добија информации за патувањето на Путин во индустрискиот парк Руднево. Според тоа, нашиот камиказа дрон полета, помина низ целата воздушна одбрана на Руската Федерација и се урна недалеку од индустрискиот парк“, напиша тој и додаде: „Путин, сè поблиску сме до тебе“.

Неколку руски медиуми јавија за пад на беспилотно летало UJ-22 во близина на селото Вороского, источно од Москва. Местото на несреќата е на околу 20 километри источно од индустрискиот парк Руднево.

На снимката се гледа дека во дронот имало 30 блокови од експлозив со вкупна тежина од 17 килограми. Експлозивните полнења М112 користат, меѓу другите, Армијата на САД и канадските вооружени сили.

Остана нејасно дали шефот на руската држава сакал да го посети индустрискиот парк во неделата или во понеделникот. Од безбедносни причини, посетите на Путин понекогаш се случуваат еден ден пред или по објавувањето.

Очигледно Путин не се појави во паркот. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во понеделникот рече: „Рускиот претседател Владимир Путин работи во Кремљ. Шефот на државата не планира никакви големи јавни настани“.

Украинскиот аналитичар Сергеј Сумлени за Билд изјави: „Јасно е дека прецизен напад врз шефот на руската држава со беспилотно летало камиказа е речиси невозможна мисија. Но, самиот факт што таков дрон стигнал до местото што Путин планира да го посети е шлаканица за рускиот диктатор“.

Share This Article