More

    Германската влада разгледува начини да го поддржи „Фолксваген“, потврди Роберт Хабек, германскиот министер за економија и вицеканцелар, откако компанијата најави откази за 30.000 работници

    spot_img

    Германската влада разгледува начини да го поддржи „Фолксваген“, потврди Роберт Хабек, германскиот министер за економија и вицеканцелар, откако компанијата најави откази за 30.000 работници.

    Хабек во изјавата ја истакна важноста на таа компанија за земјата и најави дека ќе ја посети нејзината фабрика во градот Емден.

    Тој одби да ги коментира наводите, според кои производителот на автомобили ќе мора да го намали бројот на работни места на среден рок за 30.000.

    „Фолксваген“ овој месец објави дека треба значително да ги намали трошоците за производство во Германија, а како причина ги наведе високите трошоци, ниската продуктивност и жестоката конкуренција.

    Според пишувањето на Билд, компанијата најавува дека поради заштеди ќе ги намали инвестициите за речиси 20 милијарди евра, а можни се отпуштања и во одделот за истражување и развој каде што има 13.000 вработени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img